Кошаркарите на Маџари прикаажаа уште едно едно извонредно издание и го совладаа фаворизираниот ТФТ Скопје со конечни 71-69 во вториот полуфинален натпревар од плеј-офот на македонската Суперлига.
За дебитантот во елитата ова е најголем клупски успех, затоа што обезбеди пласман во големото финале и ќе се бори за шампионската титула.
Најдобар поединец во победничкиот состав беше Томи Луис со 24 поени, Тери Армстронг додаде уште 18, а во редовите на ТФТ, Виктор Ташовски исто така беше автор на 24 поени.