Македонскиот тим на ГРК Охрид го потврди и четвртото засилување за следната сезона и потпиша со Никола Зечевиќ.
„Многу сум среќен и со нетрпение го очекувам мојот прв настап во дресот на Охрид. Не ми беше тешко да ја донесам оваа одлука и да ставам потпис со клубот, со оглед на големите амбиции на клубот кој расте од ден на ден на чело со тренерот Ројевиќ, кого го познавам долги години. Едвај чекам да заиграм пред охридската публика која прави неверојатна атмосфера и се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата на сите луѓе во клубот и секако на навивачите и убеден сум дека заедно ќе ги исполниме зацртаните цели“, изјави Србинот.
Зечевиќ ќе дојде во Охрид на стартот на подготовките и ќе стартува под диригентска палка на Борис Ројевиќ.
Инаку, досега Охрид се засили со македонскиот бек Мартин Карапалевски, хрватскиот голман Дино Славниќ и унгарскиот бек Доминик Мате.