Ракометарите на Вардар 1961 го чека тешка задача на реваншот од четвртфиналето во Европската лига на домашен терен против Монпеље во вторник од 20.45 часот.
Ракометарите на Вардар пред своите навивачи во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје ќе се обидат да ја анулираат негативата од 10 голови разлика од првиот меч во Франција (33:23).
Хрватскиот стратег и тренер нa РК Вардар на располагање ќе ги има сега и едни од најдобрите играчи во тимот, Јака Малус и Дмитро Хориха.
-Нашиот план е едноставен – мора да го ставиме Монпеље под притисок и да чекаме на нашите моменти. Кога ќе дојдат, треба да ги искористиме и да ги извадиме од нивната комфор зона. Ништо повеќе не е лесно, ниеден тим нема да се откаже. Дури и да водиме со 15 гола разлика, Монпеље нема да се откаже. Мора да се обидеме да одиграме совршен натпревар, и ние како тим и целата арена треба да веруваме сите 60 минути – изјави Чупиќ пред реваншот со францускиот тим.