Критики кон Мбапе поради патувања за време на опоравувањето

Во соблекувалната на Реал Мадрид расте напнатост, а во центарот на незадоволството, според извештај на „Ел Мундо“, се наоѓа Килијан Мбапе.

Иако состојбата на теренот во клубот генерално е стабилна, сѐ поголемо внимание привлекуваат случувањата надвор од него, особено начинот на кој се води неговото закрепнување од повреда.

Ситуацијата е дополнително усложнета поради неговата одлука за време на опоравувањето да патува во Италија и Франција.

Според информациите, дел од соиграчите поставуваат прашања за потребата од такви патувања, особено во клучен период од сезоната кога се очекува максимална посветеност од целиот тим.

Ова ја отвори и пошироката дебата за дисциплината во соблекувалната.

Дополнителен притисок создава и претстојниот дуел против Барселона. Мбапе најавил дека ќе направи сѐ за да биде подготвен за натпреварот, но неговите последни потези наводно предизвикале сомнежи кај дел од соиграчите

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО