Русија се враќа на интернационалната сцена

Кошаркарската федерација на ФИБА донесе одлука која привлече големо внимание од спортската јавност, а тоа е дека Русија и Белорусија добија делумно враќање на меѓународната сцена.

Имено, според официјалното соопштение, овие две земји добија дозвола да ги внесат своите репрезентации до 21 година во натпреварувањето на ФИБА – Лигата на младински нации 3×3, кое ќе се одржи во Кина и Малезија.

Оваа одлука е донесена по препораката на Олимпискиот комитет, кој предложи ублажување на ограничувањата за младите спортисти од овие земји. Сепак, важно е да се нагласи дека станува збор за ограничено враќање.

ФИБА јасно стави до знаење дека статусот на Русија и Белорусија во сите други натпреварувања останува непроменет, вклучително и Европското младинско првенство во 2026 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО