Чупиќ: Имаме различен пристап од стартот на сезоната

По натпреварот со РК Алкалоид тренерот Иван Чупиќ ги сподели импресиите и беше задоволен од она што го видел од својот тим од натпреварот.

„Благодарност до Алкалоид, затоа што ни излезе во пресрет, требаше да играме за викенд, но ни следи многу важен меч со Монпеље и за Вардар и за македонскиот ракомет, па затоа сакам јавно да се заблагодарам затоа што прифатија промена. Што се однесува на натпреварот, се гледа дека бевме малку уморни, празни, со некои проблеми со Хориха, емотивно малку не измори и Ф4 во Купот, ама мислам дека публиката ни даваше нешто екстра, да контролираме и да останеме во мечот. Имавме добри моменти, го имавме и Валах кој бранеше константно, па на крајот кога ќе сумирам ова се важни два бода за нашиот маратон.

Имаме уште четири меча, на кои ќе имаме шанса да ја завршиме приказната во македонската лига. Целиот плеј-оф е интересен, има добри екипи како Алкалоид, Пелистер и Охрид. Играш силни мечеви, го има и Ф4-турнирот во Купот. Секој играч е многу важен во овој дел од сезоната. Психологијата во главата на екипата сега е различен од оној момент кога тргнавме во август. Сигурно дека во тој аспект му дадовме многу поголемо внимание, отколку на некоја тактика.“, изјави Чупиќ.

Вардар 1961 е на еден бод од титулата, а тоа ќе може да го направи веќе следното коло кога игра против Е.Пелистер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО