Првакот МЗТ Скопје Аеродром постигна победа во првиот натпревар од 3.коло од ТОП 6 Супер лигата откако вечерва на домашен терен го совлада Тиквеш Голден Игл со 102:77 (24:21; 28:15; 30:15 и 20:26).
Со натпревар повеќе „металците“ бодовно се изедначија со лидерот на табелата ТФТ.
Најефикасен и најдобар играч на теренот беше Хуан Дејвис од МЗТ Скопје А. Со 22 поена и 13 скокови, додека кај Тиквеш ГИ најпрецизен беше Тарон Хенри со 19 поени.
Од ова коло играат Маџари – Кожув, додека поради настапот во финалето на АБА 2 лигата ТФТ својот дуел со Пелистер го игра на 24.април (петок) во Битола.
Табела: ТФТ 45 бодови, МЗТ Скопје Аеродром 45, Пелистер 40, Маџари 37, Кожув 36, Тиквеш ГИ 35