Ламин Јамал го урна рекордот на Мбапе во ЛШ

Уште во четвртата минута на стадионот „Метрополитано“ во Мадрид, чудото од Барселона Ламин Јамал му даде на својот тим совршен почеток на возвратниот дуел, а воедно надмина рекорд на еден од најдобрите светски напаѓачи, играчот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе.

Напаѓачот на Барселона стана најмладиот играч во историјата што постигнал 11 гола во Лигата на шампионите.

Со тоа, тој го сруши рекордот што го држеше капитенот на Франција, Мбапе, кој постигна 10 гола пред да наполни 19 години.

Со шест гола и четири асистенции, Ламин Јамал стана и најмладиот играч што бил вклучен во 10 гола во една сезона во Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО