Вардар убедлив против Бутел

Ракометарите на Вардар 1961 ја оправдаа фаворитската улога и го совладаа Бутел со 42-27 во натпреварот од петтото коло на плеј-офот во Суперлигата на Македонија.

Натпреварот кој се одигра во малата сала при СЦ „Јане Сандански“ во целост му припадна на фаворитот кој беше убедлив.

Најефикасен во таборот на Вардар беше Јака Малус со осум реализации, додека исто толку даде и Дејан Милосављевиќ кај Бутел.

На вардарци до крајот на сезоната им се потребни уште две победи во завршните пет рунди за да ја вратат титулата во Скопје.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО