Ракометниот плеј оф од Супер лигата стартува во Кавадарци, дербито утре во Автокоманда

Ракометниот плеј оф од Супер лигата стартува попладнево со натпреварот во Кавадарци меѓу Тиквеш и првакот Еурофарм Пелистер. Со овој натпревар стартува и борбата за титулата. Почетокот на дуелот е од 19 часот.

Другите два дуела се на програмата утре, а дербито од 18:30 часот го играат Алкалоид и Вардар, екипи кои играа меѓу себе и во последното коло претходниот викенд од регуларниот дел.

Третиот дуел од 1.коло е натпреварот меѓу Бутел и Охрид (сабота 17 часот).

Утре се играат и два натпревара од плеј аутот: Еурофарм Пелистер 2 – Пролет (сабота 16:30 часот), Радовиш – Прилеп (сабота 18:30 часот), додека дербито во плеј аутот во недела го играат МРК Куманово и Струга, а дуелот почнува во 18 часот.

Фото: МИА

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО