ЗОИ 2026: Франција најуспешна штафета во биатлонската трка

Французинките во биатлон го освоија првото место откако штафетата 4 × 6 км имааше најдобар резултат. Францускиот состав (Камиле Бене, Лу Жанмоне, Мишело Осеан и Јулија Симон) постигна време од 1:10.22.7 час. Златниот медал го обезбедија последните две измени во штафетата Осеан и Симон, кои имаа најдобри резултати.

Репрезентацијата на Шведска го освои сребрениот медал со 51.3 секунда заостанување зад победничките, додека бронзата и припадна на репрезентацијата на Норвешка, која имаше 1:07.6 минута заостанување зад победничката штафета.

За Франција ова е шести златен медал на Игрите од кои пет се освоени во дисциплината биатлон.

Фото: миа

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО