ЗОИ 2026: Американката Шифрин ја потврди доминацијата во слалом

Најдобрата скијачка на денешницата Микаела Шифрин од САД ја потврди својата доминација пред сè во дисциплината слалом освојувајќи го првото место и златниот медал. Таа во двете слаломски трки постигна време – 1:39.10 минута и ова за неа беше трето злато на Олимписките игри.

Второто место и припадна на светската шампионка Швајцарката Камиле Раст, која имаше заостанување од 1,5 секунда зад победничката. Бронзениот медал го освои Ана Свен Ларсон од Шведска и ова за неа е прв олимписки медал. Таа имаше 1.71 секунда зад Шифрин.

За натпреварувачите од САД ова е седми златен медал, или втор во алпско скијање (двата ги освоија дамите Шифрин и Брези Џонсон во спуст), а вкупно 24.ти на Игрите во Милано Кортина.

Македонската олимпијка Јана Атанасовска и на денешната слаломска трка остана без пласман откако не ја заврши првата трка.

Фото: миа

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО