Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, ги искажа впечатоците за синоќешната победа над Монако во плејофот од Лигата на шампионите.
-Првиот напад на Монако доведе до гол. Потоа тие повторно успешно ја пробија нашата одбрана и го постигнаа вториот гол. Ваквите ситуации можеа да ја разнишаат самодовербата на играчите, и индивидуално и како тим. Сепак, го надминавме овој предизвик. Духот на тимот остана одличен, и покрај тешката ситуација, изјави Енрике за „RMC Sport“.
Монако загуби од ПСЖ откако водеше со 2:0. Двата гола на Монако на натпреварот ги постигна американскиот напаѓач Фоларин Балоган.
Реваншот е закажан за 25 февруари во Париз.
Фото: миа
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: