Девет месеци откако заврши сезоната 2024/25 во Лигата на Шампионите, УЕФА го овбјави својот извештај за тоа на кого и колку пари им се прераспределини на клубовите за нивниот настап во ЛШ.
Логично, ПСЖ како победник доби најмногу или точно 144.400.000 евра, на второто место е Интер со 136.625.000 евра, додека на трето место е Арсенал со 116.998.000 евра.
Од клубовите од регионот најмногу добил Динамо Загреб и тоа 39.710.000 евра а Ц. Звезда 32.024.000 евра.
Секако дека ова се многу пари, за нашите клубови ова е научна фантастика, но тоа е тоа.
Ова е списокот на клубови со нивната заработка во ЛШ за минатата сезона:
