Европски тренер можна опција за тренер на клуб во НБА лигата

Кошаркарот на Минесота Џо Инглс изјави дека пости можност неговиот поранешен соиграч од Барселона и сегашен тренер на Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус би можел да седне биде тренер на клуб во НБА лигата.

Искусниот играч смета дека Литванецот ги има сите предиспозиции да се обиде да биде тренер во НБА лигата.

– Мислам дека може да биде тренер во НБА лигата. Не е за изненадување и дека има одбиено некои понуди и дека сака да работи и да се докаже дека е врвен тренер, изјави Инглс.

Тој напомена дека го следи сега во Фенербахче и дека тој постојано напредува од Жалгирис, преку Барселона и сега во Фенербахче, со тоа што ја има освоено и Евролигата.

Јасикевичиус важи за еден од најценетите европски тренери.

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО