Горецка го потврди заминувањето од Баерн

Германскиот репрезентативец Леон Горецка, чиј договор со Баерн Минхен истекува на 30 јуни, објави денеска дека ќе го напушти клубот ова лето.

„Почестен од интересот од големите клубови, донесов јасна одлука за себе дека сакам да останам во Баерн до крајот на сезоната. Во исто време, клубот и јас се согласивме, по добри и конструктивни дискусии, дека нашиот успешен период заедно ќе заврши ова лето. Како што реков претходно, ова е исто така вистинско време за мене да отворам ново поглавје: како фудбалер и како личност“, објави 30-годишниот Леон Горецка, за кого интерес да го ангажираат во зимскиот преоден рок изрази Атлетико Мадрид.

Горецка истакна дека ќе се фокусира на освојување трофеи со Баерн и успешен настап со Германија на Светското првенство.
„Но пред тоа, има уште многу да се направи. Ајде да се потрудиме, заедно, да постигнеме максимален успех со Баерн и репрезентацијата оваа сезона на Светското првенство! Едвај чекам!“, порача Горецка, кој го носи дресот на Баерн од 2018 година.

ФОТО: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО