Артета: Арсенал го заработи правото да игра во четири натпреварувања одеднаш

Пред натпреварот на Арсенал од осмото коло во Лигата на шампионите против Каират, тренерот Микел Артета, нагласи дека тимот ќе остане фокусиран на победите.

– Реакцијата на домашниот пораз од Манчестер јунајтед за време на викендот беше одлична. Направивме пауза за да се оладиме, да застанеме и да размислиме. Се прашавме што треба да правиме во следните четири месеци. Беше многу охрабрувачко и убаво. Заклучокот е едноставен: го заработивме правото да играме во четири натпреварувања одеднаш. Ќе играме против Каират со храброст и самодоверба во победата. Кога сакате да остварите сон, од него ќе произлезат неверојатни работи за 10 месеци. Тоа е единствениот начин да го живеете. Најдобрата шанса да го постигнеме она што го сакаме е да ја фокусираме целата наша енергија во оваа насока, изјави Артета за сајтот на УЕФА.

Натпреварот Арсенал – Каират ќе се одржи на стадионот „Емирати“ во Лондон вечер со почеток во 21 часот.

Арсенал е лидер во Лигата на шампионите на УЕФА со 21 бод и има изборено директен пласман во осминафиналната рунда.

Фото: ЕПА

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО