Еден човек е среќен со враќањето на Салах во Ливерпул

Во текот на следната недела Мохамед Салах се враќа во својот тим Ливерпул по завршување на АФКОН, откако неговата репрезентација Египет попладнево го игра дуелот за третото место Нигерија.

Менаџерот на Ливерпул Арне Слот изјави дека е среќен што Салах се враќа, иако пред заминувањето на натпреварувањето двајцата имаа големи недоразбирања. Салах по дуелот со Лидс даде изјава дека „некој не сака да остане во клубот, како и тоа дека нема однос со Слот“.

На следниот натпревар со Интер од Лигата на шампионите беше изоставен од тимот, а се врати на следниот дуел и тоа со асистенција на дуелот со Брајтон.

–  Салах е исклучително важен за овој клуб и мило ми е што се враќа, изјави Слот со напомена дека неизвесно е дали Салах ќе настапи на дуелот од Лигата на шампионите со Олимпик Марсеј.

Ливерпул денеска на Енфилд во натпревар од Премиер лигата игра против Барнли, а евентуално враќање на Салах може да се очекува на следниот првенствен натпревар со Бурнемут на гости.

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО