Со владина одлука распуштена фудбалската репрезентација на Габон

Владата на Габон објави распуштање на националниот фудбалски тим, отпуштање на селекторот и отстранувањето на ѕвездата Пјер-Емерик Обамејанг од тимот по трите порази на Африканскиот куп на нации.

Министерот за спорт во телевизиско обраќање во четвртокот ја објави суспензијата на националниот тим откако Габон заврши последен во својата група.

„Со оглед на срамниот настап на нашите „Пантери“ на Африканскиот куп на нации, Владата одлучи да го распушти тренерскиот персонал и националниот тим до понатамошно известување и да ги исклучи играчите Бруно Екуеле Манга и Пјер-Емерик Обамејанг од тимот“, изјави вршителот на должноста министер за спорт Симплис-Дезир Мамбула, по поразот од Брегот на Слоновата Коска со 3-2 во Маракеш.

Обамејанг, кој не настапи на натпреварот против Брегот на Слоновата коска, одговори на социјалната мрежа Икс: „Мислам дека проблемите во тимот се многу подлабоки од поединец како мене“.

Распуштањето на националниот тим во минатото беше вообичаено во африканските земји по разочарувачки настап, но тоа стана реткост откако ФИФА, зазеде цврст став против мешање на политиката во фудбалот.

ФОТО: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО