Премиерлигашите со слаба ефикасност го завршија новогодишното коло

На четирите последни натпревари од 19.коло од Премиер лигата одиграни синоќа беа постигнати само два. Три дуели завршија без голови, што значи дека шест екипи не постигнаа гол.

Единствено голови имаше во дуелот на лондонските екипи Кристал Палас – Фулам, а дуелот заврши 1:1.

Без голови 0:0 завршија натпреварите Ливерпул – Лидс, Сандерленд – Манчестер Сити и Брентфорд – Тотенхем.

Со освоениот бод против Сандерленд „граѓаните“ го губат чекорот во борба за титулата со Арсенал. На чело на табелата е Арсенал со 45 бодови, додека Манчестер Сити има 41.

Во премиер лигата само денеска нема фудбал, а следната рунда (20.коло) се игра во деновите од викендот, додека 21.коло на програмата е од 6-8.јануари.

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО