Грчкиот тенисер Стефанос Циципас изјави денеска дека поради силни болки во грбот размислувал минатата година да стави крај на професионалната кариера.
„Најголемата грижа ми беше дали воопшто ќе можам да го завршам натпреварот. Се прашував: „Можам ли да одиграм уште еден натпревар без болка?“ Бев навистина исплашен по поразот на Ју Ес Опен (од Германецот Даниел Алтмаер). Не можев да одам два дена. Тогаш почнувате да се прашувате за иднината на вашата кариера“, рече Циципас.
Дваесетиседумгодишниот грчки тенисер го имаше најдобар ранг на АТП листата во 2021 година, кога беше трет тенисер во светот, а играше и во две грен слем финалиња против Србинот Новак Ѓоковиќ, во 2021 година на Ролан Гарос и во 2023 година на Австралија Опен.
Циципас во моментов е рангиран на 36. место на АТП листата, а по поразот во август на Ју Ес Опен одигра само два натпревари во Дејвис купот.
Тој истакна дека имал проблем со грбот во последните шест до осум месеци, но и дека е задоволен од тековниот процес на лекување, посочувајќи дека е без болки веќе пет недели.
ФОТО: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: