Челзи му врачи отказ на Мареска

Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, е разрешен од должноста, соопшти попладнево лондонскиот премиерлигаш.

„Фудбалскиот клуб Челзи и главниот тренер Енцо Мареска се разделија. За време на неговиот престој во клубот, Енцо го водеше тимот до титулите во Конференциската лига и Светското клупско првенство. Овие достигнувања ќе останат важен дел од поновата историја на клубот и му благодариме за неговиот придонес во клубот“, се вели во клупското соопштение.

Мареска (450, кој седна на клупата на Челзи во јули 2024 година, заминува откако тимот забележа само една победа на последните седум премиерлигашки натпревари и се наоѓа на петтото место на табелата со 30 бодови, 15 помалку од лидерот Арсенал.

ФОТО; ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО