Се чини дека некои работи во Манчестер Јунајтед, се менуваат, посебно кога станува за преодните рокови. Јасно е дека на Рубен Аморим му се потребни засилувања, тој тоа не го крие, ама не сака да ја повтори грешката од минатото.
– Секогаш сме во разговор, не е само затоа што е јануари. Секако, преодниот рок ќе биде отворен, мора да сфатиме што можеме да направиме, не само за да видиме кои играчи можеме да ги доведеме, туку и да знаеме што ќе се случи со тимот, рече Аморим.
Што се однесува јануарскиот преоден рок, Аморим посочи дека нема да моли за засилувања од клупските челници.
– Нема да тропнам на вратата на Џејсон (Вилкокс, директор за фудбал) и Омар (Берада, извршен директор) барајќи повеќе играчи, тие знаат што ни треба, разбирам дека имаме и процес. Сакаме да работиме со сигурност дека нема да ги повториме истите грешки од минатото, потенцираше менаџерот на Јунајтед.
Јануарскиот преоден рок во 2025 година, првиот на Амор на чело на Јунајтед, донесе само двајца играчи во клубот, кои моментално се редовни играчи во првиот тим, Патрик Доргу, кој пристигна од Лече за 30 милиони евра, и Ајден Хејвен, кој пристигна од Арсенал за 1,8 милиони евра.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: