ФФМ поведе постапка против Сејдини за финансиска измама

Управниот одбор (УО) на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), на денешната седница, донесе одлука за поведување дисциплинска постапка против поранешниот претседател на федерацијата, Муамед Сејдини.

Постапката, како што е соопштено, се поведува поради основано сомнение за измама и доведување во заблуда на членовите на Управниот одбор, поврзано со авансна исплата во износ од 700.000 евра кон фирмата-изведувач задолжена за изградба на трибината на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.

„Исплатата, согласно достапната документација, била извршена самоиницијативно, спротивно на одлуката на Управниот одбор и спротивно на понудата и надлежностите и без да биде обезбедена банкарска гаранција“, соопшти ФФМ.

Според УО на ФФМ, „постојат елементи на тешки повреди на службените обврски и делување спротивно на интересите на ФФМ, со што се нанесени негативни последици врз репутацијата и финансиското работење на федерацијата“.
ФОТО: Архива

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО