Турнејата Четири скокалници стартуваше со победа на Превц

Словенецот Домен Превц триумфираше вечерва во Оберсдорф на првата станица од новогодишната турнеја Четири скокалници.

Превц со тоа ѝ го донесе на Словенија првиот триумф во Оберсдорф на Новогодишната турнеја, а воедно ја забележа и шестата победа во последните седум настапи во Светскиот куп во скијачки скокови.

Дваесетишестгодишниот Словенец победи во Оберсдорф со скокови од 141,5 и 140 метри, што беа доволни за 316,7 бодови. Второто место со 299,2 бодови го поделија неговиот сонародник Тими Зајц (скокови од 133,5 и 138 метри) и минатогодишниот победник на Новогодишната турнеја, Австриецот Даниел Хофениг (132 м, 134 м).

Во генералниот пласман на Светскиот куп, Превц води со 950 бодови, пред Јапонецот Рјоју Кобајаши (688) и Германецот Филип Рајмунд (540 бодови).

Новогодишната турнеја Четири скокалници продолжува традиционално на 1 јануари во Гармиш-Партенкирхен.

ФОТО: Фејсбук

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО