Екипата на Лос Анџелес клиперс рено утрово го победи Детроит пистонс со 112:99.
Најзаслужен за триумфот на домаќините беше 34-годишниот Кавај Ленард со 55 поени и 11 скока. Тој го израмни рекордот на Џејмс Харден за најмногу поени во еден натпревар во историјата на Клиперси, поставен на 22 ноември. Воедно ова беше рекорд за Ленард во својата кариера за постигнати поени на еден натпревар.
Американецот е со Клиперси од 2019 година. Претходно играше за Торонто и Сан Антонио.
За Клиперси ова беше четврта победа по ред. Тие се на 13. место на табелата во Западната конференција со 10 победи и 21 пораз. Детроит со биланс 24-8 е лидер во Источната конференција.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: