Фудбалерот на Милан, Кристијан Пулишиќ, го посвети својот гол во 17. коло од Серија А против Верона на својата девојка Алекса.
За време на неговата прослава, 27-годишниот играч ја направи буквата „А“ со прстите кон камерата. Медиумите претходно објавија дека фудбалерот бил во афера со американската актерка Сидни Свини.
-Ве молам престанете да ширите фиктивни приказни за мојот личен живот. Медиумите мора да бидат одговорни, бидејќи ова може да влијае на животите на луѓето, напиша Пулишиќ на социјалните медиуми.
Американецот игра за италијанскиот клуб од 2023 година. Оваа сезона, тој одигра 15 натпревари, постигнувајќи 10 гола и две асистенции.
Претходно Пулишиќ играше за Челзи и Борусија Дортмунд.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: