Спортскиот директор на Сараево Крсте Велкоски за време на натпревар на традиционалниот турнир „Асим Ферхатовиќ Хасе“ се повреди и пренесен е во болница. Како што пренесуваат медиумите во Босна и Херцеговина при еден контакт со противнички играч Велкоски паднал и удрил со глава во ѕид.
На поранешниот македонски репрезентативец, кој во дресот на Сараево како активен играч има одиграно повеќе од 100 натпревари му била укажана лекарска помош, а со брза помош ја напуштил салата Скендерија. По комплетните медицински прегледи ќе се знае за тежината на повредата на Велкоски. Најновите информации се дека повредата не е сериозна.
На еден од претходните натпревари на турнирот Велкоски беше стрелец на гол во победата на неговата екипа.
Фото: Фејсбук ФК Сараево
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: