Јокиќ на еден трипл-дабл од легендата Оскар Робертсон

Српскиот репрезентативец на последниот натпревар во НБА лигата оствари уште еден трипл-дабл (34 поени, 21 скок и 12 асистенции). Ова за него беше 180-ти во кариерата.

Тој се наоѓа на третата позиција на листата веднаш зад легендата на НБА лигата Оскар Робертсон, кој има 181.

Јокиќ доколку продолжи со добрите игри и пред сè остварување на трипл-дабл сериозно може да крајот на сезоната да ги нападне и бројките на водечкиот во оваа категорија неговиот поранешен соиграч Расел Вестбрук, кој има 207.

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО