ГРК Охрид има ново засилување

Амбициите на ГРК Охрид успешна сезона продолжуваат, а последниот чекор е новото засилување. Станува збор за хрватскиот ракометар Џанфранко Прибетиќ, кој игра на позицијата пикер.

Тој со македонскиот клуб се обврза на договор до 2028 година. Ракометарот има искуство со настап во Бундес лигата, додека во Хрватска има настапувано во тимот на Нексе. 25 годишниот ракометар е висок 196 сантиметри со добри карактеристики во одбраната.

Охриѓани во паузата од првенството веќе направија еден трансфер и го ангажираа десното крило од Вардар, Ален Ќосевски.

Во февруари следната година Охрид покрај домашното првенство го очекуваат и дуелите со Дукла Прага во ЕХФ Европскиот куп. мн/

Фото: Фејсбук ГРК Охрид

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО