Хрватскиот ракометар и член на бундеслигашот Кил, Домагој Дувњак иако најави крај на кариерата на крајот од сезоната сепак реши да игра уште една година. На ваков чекор Хрватот се реши по потпишувањето нов договор со неговиот тим Кил до летото 2027 година.
Дувњак кариерата ја почна во Ѓаково каде играше две сезони, потоа три години беше играч на хрватскиот првак Загреб до 2009 година, кога ја почна интернационалната кариера. Прво четири сезони настапуваше за Хамбург
37-Годишниот Хрват кој потекнува од Ѓаково, играше за Загреб до 2009 година, пред да замине во Хамбург каде остана до 2014 година и да направи трансфер во редовите на Кил, каде сега ја носи и капитенската лента.
Преминот на Дувњак од Загреб во Хамбург беше најскапиот трансфер во тој период, а хрватскиот репрезентативец со својот национален тим има настапи на четири Олимписки игри.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: