Кошаркарите на Мајами остварија важна победа за подобар пласман на Исток откако на гостински терен ја совладаа Атланта со 126:111. Мајами сега има скор 16-15 (победи-порази), а Атланта 15-17.
Одличен натпревар одигра Норман Пауел со 25 поени, кој ја предводеше својата екипа во клучната серија од 9-0 за победа. Најефикасен на дуелот беше играчот на Атланта Тре Јанг со 30 поени.
Резултати на ноќешните натпревари: Атланта – Мајами 111:126, Индијана – Бостон 122:140, Орландо – Шарлот 105:120, Вашингтон – Торонто 138:117, Чикаго – Филаделфија 109:102, Мемфис – Милвоки 125:104, Њу Орлеанс – Феникс 108:115, Јута – Детроит 131:129 и Портланд – ЛА Клиперс 103:119.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: