Со натпреварот меѓу шампионот Баскет Кам и Спорт тим ќе стартуваат дуелите од четвртфиналето од женскиот кошаркарски куп. Дуелот меѓу овие два тима се игра вечерва од 19 часот во СРЦ „Кале“, а првакот ја има фаворитската улога.
Другите три натпревари се играат утре (сабота).
Неизвесно се очекува да биде на дуелите што ќе се играат во Скопје. Бадел е домаќин на Пробаскет, но екипата од Кавадарци оствари минимална победа во Скопје во првенствениот дуел пред две недели.
Бранителот на трофејот Вардар е домаќин на МЗТ Бела вода, а и овие два тима одиграа неизвесен првенствен дуел.
Фаворит за полуфинале е тимот на Крива Паланка која ја пречекува екипата на Патриот.
КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ-БУШТУР“ – ЖЕНИ
ДВОЈКИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
Баскет кам – Спорт тим
Бадел 1862 – Пробаскет
Крива Паланка – Патриот 2016
Вардар – МЗТ Бела вода
Екипите кои ќе победат ќе играат во полуфиналето на завршниот турнир што ќе се одржи во февруари следната година.
Фото: МКФ
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: