Левиот бек на Лацио, Нуно Тавареш (25), би можел во зимскиот преоден рок да се пресели во редовите на саудиски Ал-Итихад, јавија денеска италијанските медиуми.
Тавареш минатото лето пристигна во Лацио од Арсенал, првично на позајмица пред римскиот клуб да го откупи неговиот договор за пет милиони евра во јануари.
Оваа сезона, португалскиот фудбалер одигра десет натпревари за Лацио, но три пати беше на клупата во последните пет натпревари од Серија А.
Италијанските медиуми наведуваат дека веќе некое време се водат преговори меѓу Ал-Итихад и Лацио, и оти Тавареш е подготвен да се пресели во саудискиот клуб.
Корист од евентуалната преселба на Тавареш во Ал Итихад би имал и Арсенал, кој има право на 40 проценти од износот од неговиот трансфер.
ФОТО: Фејсбук
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: