Норвешкиот биатлонец Сиверт Гуторм Бакен почина ненадејно на 27-годишна возраст за време на подготовките во Италија, објави Меѓународната федерација во биатлон (ИБУ).
Според информациите објавени во норвешките медиуми, Бакен бил пронајден мртов во хотелска соба во алпскиот град Лавазе, во италијанскиот регион Трентино.
Во 2022 година, на Бакен му беше дијагностициран миокардитис, воспаление на срцевиот мускул, поради што не се натпреваруваше некое време, а по закрепнувањето, успешно се врати на натпреварите.
Бакен, кој беше актуелен европски шампион во спринт на 10 километри, како и двократен европски првак во штафетни дисциплини, се подготвуваше да настапи на претстојните Зимски олимписки игри Милано-Кортина.
„Длабоко сме шокирани и потресени од трагичната вест за ненадејната смрт на Сиверт Бакен. Неговото враќање во биатлонот по тежок период беше извор на голема радост за целото семејство на биатлонот и инспиративен пример за неговата сила и решителност“, рече претседателот на ИБУ, Оле Дален.
ФОТО:Фејсбук
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: