Тренерот на Тотенхем во одбрана на Ван де Вен

Тренерот на премиерлигашот Тотенхем, Томас Франк, застана зад својот дефанзивец Мики ван де Вен, откако стратегот на Ливерпул, Арне Слот, го обвини дека со неодговорен старт тешко го повреди напаѓачот Александар Исак.

„Очигледно не се согласувам, зборуваме за дефанзивец кој ќе направи сè за да спречи тимот да прими гол. Топката се лизна на негова страна и тој прави сè што може за да го блокира ударот“, им рече Франк на новинарите.

„За жал, Исак ја исправи ногата“, додаде Франк.

Напаѓачот на Ливерпул ќе биде надвор од теренот неколку месеци поради фрактура на нога.

Франк обелодени дека Ван де Ван и Исак имале меѓусебен разговор.

„Исто така, знам дека двајцата играчи го решиле проблемот, па тоа е добар знак“, нагласи тренерот на Тотенхем.

ФОТО: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО