Седлоски: Од тимот очекувам максимален ангажман, храброст и желба на секој натпревар

Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски, денеска ја имаше првата прес-конференција. Воедно ова беше негова промоција на новата позиција, на која го наследува Благоја Милевски.

– Голема чест и одговорност во кариерата. Го знам потенцијалот што го има репрезентацијата. Треба да изградиме систем и секој да се бори за секоја топка. Нема да бидеме фаворити на некои натпревари, но тоа не ни го одзема правото да се бориме. Сакам да видам тим, кој ќе се бори до последната минута и очекувам максимален ангажман, храброст и желба на секој натпревар. Убеден сум дека ФФМ ќе ни даде најголеми услови, а од поддршка од најблискиот тим Пандев, Новески, Ибраими, Најдоски, ќе направиме успех за нашиот национален состав, изјави новиот селектор Гоце Седлоски.

Долгогодишниот капитен на А репрезентацијата Горан Пандев со свое видување за новиот селектор.

– Му честитам на Седлоски. Го знам многу години, сме играле заедно. Се работи за човек што многу дал на мак-фудбалот како играч и последните години и како тренер. Тој е млад перспективен тренер, а знам и дека пред нас следи работа и верувам во него и му посакувам успех, изјави Горан Пандев.

 

Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ ја образложи одлуката за именувањето на Гоце Седлоски за селектор на националниот тим:

– Упатувам благодарност до Благоја Милевски за досегашните резултати. Но, во фудбалот се случуваат промени и сега имаме нов селектор. Заклучивме дека на репрезентацијата и треба нова енергија, за да може да оствариме голем резултат пласман на Светско првенство. И самиот настап во баражот за нас е успех. Седлоски има „фајтерски“ карактер, а таков беше и како играч. За оние кои не веруваат дека можеме да ја минеме Данска, подобро да не се качуваат во авионот.

Своето деби на клупата на Македонија, Седлоски кој има одиграно 100 натпревари за националниот тим ќе го има во Копенхаген против Данска во баражот за пласман на Светското првенство.

Фото: МИА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО