Плановите за одигрување на натпреварот од италијанската фудбалска лига меѓу Милан и Комо во Австралија се откажани.
Италијанската лига и локалните организатори денеска заедно објавија дека два клуба нема да играат во Австралија.
Претседателот на Серија А, Ецио Симонели, изјави дека Азиската фудбалска конфедерација неодамна издала неприфатливи барања што го оневозможиле организирањето на натпреварот.
Милан бара алтернативно место за одигрување на натпреварот против Комо, закажан за 8 февруари, бидејќи стадионот „Сан Сиро“ два дена претходно ќе биде домаќин на церемонијата на отворање на Зимските олимписки игри 2026 во Милано и Кортина д‘ Ампецо.
ФОТО: Икс
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: