Поранешниот селектор на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ, официјално е назначен за нов тренер на Баерн Минхен.
Како што вечерва е објавено на веб-страницата на Баерн, 76-годишниот Пешиќ ќе го предводи германскиот тим до крајот на сезоната.
Баерн го раскина договорот на Гордон Херберт со заедничка согласност во саботата.
Пешиќ во својата кариера веќе беше тренер на Баерн во периодот од 2012 до 2016 година.
„Светислав го познава Минхен, го познава Баерн и двете лиги, некои од нас го познаваат добро, па затоа неговиот период на адаптација ќе биде краток. Тоа, заедно со неговото огромно искуство, ни дава добра претстава за оваа одлука“, рече спортскиот директор на Баерн, Драган Тарлаќ.
По 17 кола, Баерн е претпоследен на табелата во Евролигата со пет победи и 12 порази.
ФОТО: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: