Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Мануел Локатели, даде свое видување за победата од 2:1 над Рома синоќа на домашен терен во 16. коло од италијанското првенство.
– Како што реков многу пати, мора да размислуваме за победа на натпреварите, а потоа да видиме каде сме во март. Најважно беше да започнеме победничка серија и да стекнеме самодоверба. Кога победувате вашата самодоверба расте и можете да правите работи што не можевте претходно. Мора да продолжиме по овој пат. Останавме во играта, не преземавме непотребни ризици и покажавме правилен став. Ги добивме битките и одигравме одличен натпревар. По натпреварот против Наполи, ги анализиравме грешките што ги направивме против силен противник, вклучувајќи неколку индивидуални грешки, рече 27-годишниот Италијанец на прес-конференција.
Јувентус е петти на табелата во Серија А со 29 бода по 16 натпревари.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: