Франција по продолженија до бронзата на женскиот ракометен Мундијал

Репрезентацијата на Франција го освоија третото место на Светското женско ракометно првенство 2026.

Французинките денес по голема борба ја победија Холандија со 33:31 (26:26, 12:11), пред полна сала во Ротердам.

Најефикасна во победничката репрезентација беше Сара Букит со девет гола. За Холандија, Бо Ван Ветеринг и Роми Марскелверд постигнаа по шест гола.

Во големото финале, од 17:30 часот ќе се соочат Германија и Норвешка.

Фото: ЕПА

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО