ШОК НА САРДИНИЈА! Рома се посрамоти кај Калјари – црвениот картон ја уништи „волчицата“!

Фудбалска катастрофа за Рома на гостувањето кај Калјари! Италијанскиот гигант капитулираше со 1:0 во натпревар кој требаше да биде „рутинска победа“, но заврши како вистински кошмар за гостите од Рим.

Се’ тргна надолу во 52. минута, кога Зеки Челик заработи директен црвен картон, оставајќи ја Рома со играч помалку и со огромна дупка во одбраната. Од тој момент, „волчицата“ беше изгубена на теренот – без идеја, без сила и без вистинска закана кон голот на домашните.

Калјари тоа го почувствува и удри кога најмногу боли – во 82. минута, стадионот експлодира! По корнер, топката заврши кај Џанлука Гаетано, кој со прецизен удар ја затресе мрежата и предизвика еуфорија меѓу домашните навивачи.

Рома се обиде во последните минути да ја спаси честа, но сѐ беше залудно. Безнадежни напади, нервоза на теренот и целосна тактичка распаднатост ја одбележаа оваа вечер за римскиот тим.

Овој пораз е сериозен удар за нивните амбиции во Серија А, додека Калјари слави огромна, злато вредна победа во борбата за опстанок.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО