Анчелоти: Бразил доби тешка група

Бразилскиот селектор Карло Анчелоти ја оцени како „тешка“ групата во која на вчерашната жрепка за Светското првенство 2026 петкратниот светски првак за противници во групната фаза ги доби Мароко, Шкотска и Хаити.

-Мароко се покажа многу добро на последното Светско првенство во Катар во 2022 година, каде стигна до полуфиналето, додека Бразил беше елиминиран во четвртфиналето. Шкотска има многу силен тим, ќе биде многу тешко, изјави Анчелоти по жрепката во Вашингтон.

Бразил ќе го игра својот прв натпревар на 13 јуни 2026 година, против Мароко, пред да се соочи со Хаити на 19 јуни и Шкотска на 24 јуни.

-Мораме да се обидеме да завршиме први во групата. Пред сè, мора добро да се подготвиме за првиот натпревар, кој ќе биде многу важен“, рече Анчелоти. „Мора да размислуваме за победа на сите три натпревари. Прво против Мароко, најтешкиот, а исто така и против другите два противници. Мора да имаме самодоверба, додаде тој.

Пред стартот на мундијалскиот турнир, Бразил ќе одигра два пријателски натпревари во САД во март, против Франција и Хрватска.

ФОТО: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО