Цаке: Шкендија сака со победа да ја заврши есенската полусезона

Бранителот на титулата во македонското фудбалско првенство Шкендија денеска му гостува на Башкими во Куманово (13 часот) во рамки на завршното, 16 коло, од есенската полусезона.

Шкендија е третопласирана на табелата со 33 бодови и победа над Башкими е императив за тетовскиот клуб за да остане во трка за титулата со водечките Вардар (42 бодови) и Струга (41).

-Нè очекува тежок натпревар, но одиме во Куманово да ја затвориме годината како што треба, со победа. Дефинитивно кај нас има желба за победа. Сакаме успешно да ја завршиме оваа полусезона, и потоа да ја продолжиме трката за титулата. Го анализиравме противникот, но верувам дека тимот ќе се претстави на најдобар можен начин, изјави дефанзивецот на Шкендија, Клисман Цаке.

Дуелот против петтопласираниот Башкими за фудбалерите на Шкендија е последен прволигашки предизвик оваа година, пред последните два натпревари во групната фаза во Лигата на Конференции против Слован Братислава и АЕК Ларнака.

– Невообичаено бевме многу зафатени оваа полусезона. Сонувавме за овој момент, но не е лесно да се игра на сите фронтови. Меѓутоа убаво е чувството и уживаме во него, посочи Цаке во изјава за официјалниот сајт на ФФМ.

ФОТО: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО