Од следната сезона „Четири скокалници“ и во женска конкуренција

Програмата на престижната новогодишна турнеја во скијачки скокови „Четири скокалници“ од следната сезона ќе биде побогата за натпреварувања во женска конкуренција на скокалниците во Оберсдорф, Гармиш-Партенкирхен, Инсбрук и Бишофсхофен.

Организаторите објавија денеска дека ова е овозможено со договор меѓу Скијачката асоцијаци на Австрија и покраината Тирол за финансирање на нов систем за осветлување на стадионот Бергизел во Инсбрук.

Ова беше предуслов што досега беше најголемата пречка во планот за додавање на женски натпревари на турнејата „Четири скокалници“.

– Ова е фантастична вест и токму сигналот што го чекавме. Следната година, 75-та новогодишна турнеја „Четири скокалници“ ќе влезе во историјата, рече претседателот на Организацискиот комитет, Манфред Шуценхофер.

ФОТО:Архива

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО