Арсенал славеше убедлив дерби-триумф од 4:1 над Тотенхем на „Емирати“, во меч кој целосно го одбележа блескавата вечер на Ебереќи Езе. Англичанецот постигна хет-трик и беше недопирлив за одбраната на „спарси“.
Домаќините поведоа преку Леандро Тросар, а потоа Езе ја презеде сцената со два брзи гола – првиот пред полувремето, вториот веднаш по паузата. Тотенхем накратко се врати во игра со прекрасен удар на Ричарлисон од голема дистанца, но Арсенал брзо ја врати контролата.
Во 76. минута, Езе со трет гол ја стави точката на доминантното издание на „топџиите“, кои со оваа победа се зацврстуваат во борбата за самиот врв во Премиер лигата.
Foto/ EPA
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: