Денвер Нагетс остварија важна победа на гостувањето кај Хјустон со 112:109, во натпревар исполнет со неизвесност до самиот крај.
Главна фигура повторно беше Никола Јокиќ, кој забележа ново блескаво издание – постигна 34 поени, додаде 10 скока и 9 асистенции, само една асистенција далеку од тројна двојка.
NIKOLA JOKIC RISE UP. 😤
— Hoop Central (@TheHoopCentral) November 22, 2025
Во завршницата блесна и Џамал Мареј, кој постигна 7 од последните 11 поени за Денвер и со прецизни слободни фрлања на 2,7 секунди до крајот ја запечати победата.
Со триумфот, Нагетс го подобрија билансот на 12–3 и остануваат во самиот врв на Западната конференција, додека Хјустон со 10–4 го држи шестото место.
Кај Хјустон најефикасни беа Рид Шепард со 27 поени, Амен Томпсон со 22 поени и 7 скока и Џабари Смит со 21 поен, но нивниот придонес не беше доволен за да се спречи новата победа на шампионите.
Резултати:
Кливленд – Индијана 120:109
/Мичел 32 – Нембхард 32/
Бостон – Бруклин 105:113
/Браун 26 – Портер Џуниор 33/
Торонто – Вашингтон 140:110
/Инграм 24, Барет 24 – Меколум 20/
Чикаго – Мајами 107:143
/Досумну 23 – Вер 20/
Далас – Њу Орлеанс 118:115
/Флег 29 – Марфи 25/
Финикс – Минесота 114:113
/Брукс 22 – Едвардс 41/
Голден Стејт – Портланд 123:127
/Кари 38 – Авдија 26/
Јута – Оклахома 112:144
/Георд 20 – Гилџес Александер 31/