Премиер лигата воведе ограничување на трошоците од следната сезона

Клубовите од Премиер лигата се согласија денеска да воведат ограничувања на трошоците од следната сезона.

Трошоците на клубовите за трансфери и плати ќе бидат ограничени на 85 проценти од нивните фудбалски приходи и нето добивка или загуба од продажбата на играчи. Исто така, ќе има дополнителни 30 проценти, но доколку клубовите го надминат тоа ограничување – таканаречениот „црвен праг“, ќе се соочат со одземање бодови.

Новите правила ќе ги заменат контроверзните Правила за профит и одржливост (PSR) на Премиер лигата, кои предвидуваат казни и одземање бодови за клубовите ако нивните финансиски загуби во период од три години надминуваат 105 милиони фунти.

Премиер лигата соопшти дека новите правила се во голем степен усогласени со правилата што ги користи Европската фудбалска унија (УЕФА) и „промовира можност сите клубови да се стремат кон поголем успех, а воедно да ја заштитат конкурентската рамнотежа“.

ФОТО: Икс

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО