Македонија и Силекс за старт на 14.коло од ПФЛ

По паузата поради настапот на репрезентацијата фудбалските прволигаши ги продолжуваат натпреварите. Со денешниот натпревар меѓу Македонија Ѓорче Петров и Силкес стартуваат дуелите од 14.коло.

Утре на програмата се два натпревара, Брера е домаќин на лидерот Вардар, додека Шкупи во Струга го пречекува Пелистер. Во недела се играат два натпревара: Тиквеш – Башкими и Арсими – Шкендија.

Последниот натпревар од оваа рунда меѓу Работнички и Струга е на програмата во понеделник.

Почетокот на сите дуели е во 13 часот.

Фото: ФФМ

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО