Стандардниот голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, се врати на тренинзите со англискиот шампион, јави денеска „Скај Спортс“.
Бразилскиот голман ги пропушти последните осум натпревари на Ливерпул поради повреда, а неговото место на голот го зазеде Грузиецот Ѓорѓи Мамардашвили. Четири од петте премиерлигашки порази на тимот се случија во овој период, а во Ливерпул се надеваат дека неговото враќање ќе донесе промена во резултатите.
По 11 одиграни кола, Ливерпул е на осмото место во Премиер лигата со 18 бодови, шест помалку од лидерот Арсенал, а пред повредата на 33-годишниот Алисон, актуелниот англиски шампион беше првопласиран на табелата.
ФОТО: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: